МВР соопшти дека попладнево била прекината свадба во селото Врапчиште која се организирала пред семејна куќа.
Од СВР Тетово информираа дека околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВРТетово-ОВР Гостивар го лишиле од слобода А. З. (56) од гостиварско Врапчиште.
„Пред неговата куќа била организирана свадбена свеченост, на која присуствувале триесетина лица кои ги забавувал музички оркестар. Сопственикот на куќата е задржан во Полициската станица Гостивар“, велат од МВР.
На местото е извршен увид и по целосно расчистување и документирање на случајот против сопственикот на куќата А. З. ќе биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, поради сомнение дека сторил кривично дело-непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.