Макрон се огласи: Се чувствувам добро

од Nikola Popovski
165 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е позитивен на коронавирус, соопшти дека се чувствува добро и дека на транспарентен начин ќе ја пријави својата здравствена состојба во јавноста.

„Нема причина работите да започнат да се развиваат на лош начин“, рече Макрон, приклучувајќи се во живо на Твитер.

Тој додал дека ќе продолжи да ги извршува своите должности, иако со побавно темпо.

Кабинетот на францускиот претседател вчера објави дека Макрон е позитивен на коронавирус.

Макрон ќе биде во самоизолација седум дена, а во моментов работи во претседателската резиденција во Версај, во близина на Париз.