ВМРО – Народна партија се спротивстави на ставовите на Бугарија

374 прегледи

Загриженост поради ставовите на Бугарија изразува и ВМРО – Народна партија. Оваа партија ги следи објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија со цел да го оправда катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија и тоа со максимална ескалација на негативните односи помеѓу двете држави.

Оттаму во серијата ирационални објаснувања пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за Македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство.

ВМРО-Народна партија во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство на попис се изјаснуваат и како македонски бугари.

Фактите го зборуваат токму спротивното дека додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија нема кажано никако позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски.

Кристално јасно е дека ветото може да има само внатрешно оправдување во соседна Бугарија и тоа вето не коренсподира ниту пак е одобрено врз основа на интересот на ниту еден граѓанин на Македонија.

Слични содржини