Произведено во лабараторија, пилешко место денес имаше свое претставување во ресторан во Сингапур, кое како што се вели, може да помогне во намалувањето на штетата врз животната средина, а поврзана со производството на човечка храна.
„Eat Just“ изминатиот месец посочи дека нивниот производ е одобрен како земена за пилешки грутки, откако Сингапур беше првата зеја која дозволи продажба на месо без усмртување на животни.
Консумацијата на животни е закана за животната средина, бидејќи добитокот произведува стакленички гас метан, а сечата на шума поради создавање пасишта ги уништува природните бариери за климатските промени.
Во средата, компанијата соопшти дека ја направила својата прва комерцијална продажба на производот на „1880″, ресторан во познат шик центар за забава покрај реката.
Ресторанот започна да служи месо одгледувано во лабораторија во саботата навечер (по локално време), велејќи дека првите клиенти за вечера биле ученици на возраст од 14-18 години, кои биле поканети на отворањето откако покажале „посветеност за изградба на подобра планета”.