275
Од Министерството за внатрешни работи, денес информираа дека во засилените акциски контроли биле запленети над 2500 пиротехнички средства.
Зајакнати контроли по пазарите, парковите, трговските центри – запленети над 2.500 пиротехнички средства.
Со наближувањето на новогодишните и божиќните празници се наметнува потребата за подигање на свеста кај граѓаните во врска со опасноста и можните последици кои што можат да настанат од неконтролирана употреба на пиротехничките средства, од нестручно и невнимателно ракување од страна на малолетни лица, од несоодветно транспортирање и чување, како и во поглед на санкционирање на недозволената трговија од страна на физички и правни лица со пиротехнички средства и други запаливи средства и распрскувачки материјали, без поседување на одобрение за тргување, со кои се нарушува мирот и безбедноста на граѓаните и имотот, се вели во соопштението од МВР.