Грција добива специјални замрзнувачи за вакцини против корона

од Vladimir Zorba
208 прегледи

Денес Грција доби специјални замрзнувачи од компанијата „Pfizer-BionTech“ за чување на вакцини против коронавирусот.

Тие пристигнаа пред првата пратка со вакцини против вирусот, што се очекува на 26 декември, јави АНА.

Како што веќе објави грчката влада, вакцинирањето ќе започне во пет болници во Атина и Солун на 27 декември.

Вакцината прво ќе им биде дадена на медицински сестри и постари мажи.

Замрзнувачите, чија локација не е откриена, можат да соберат 80.000 вакцини, кои се чуваат на температура од -70 степени Целзиусови.