Најмалата сестра на Мајли Сајрус е уште попровокативна од неа (видео)

од Nikola Popovski
323 прегледи

Дваесетгодишната Ноа Сајрус, сестра на поп-sвездата Мајли Сајрус, предизвика лавина реакции со нејзиниот нов спот и песна, а луѓето го поставуваат вистинското прашање – дали наследничката на Хана Монтана е уште попровокативна од нејзината сестра?

Имено, Ноа објави нов спот за песната „All Three“ во кој во еден момент била целосно гол во када. Нејзините големи нокти и провокативниот стил се истакнуваат во преден план.

Ова не е првпат младата пејачка да сними контроверзни видеа и песни. Претходно, таа исто така ги потенцираше своите сексуални атрибути, но сними и видео на гробишта.

Ноа Сајрус, роденa на 8 јануари 2000 година, е американскa пејачka, текстописец и актерка.

Во 2016 година, таа го издаде својот деби сингл „Make Me (Cry)“. Сајрус е петто дете на Били Реј и Триш Сајрус и најмладата сестра на Трејси, Бренди и Мајли Сајрус.

Таа била на списокот на 30 највлијателни тинејџери во 2017 година.

Слични содржини