Во Унгарија, во последните 24 часа починале 183 лица од Ковид-19, претежно стари лица и со хронични болести, а потврдени се 2.141 нови случаи, изјавил денес премиерот Виктор Орбан.
Со новите податоци, бројот на смртни случаи во Унгарија се искачи на 8.282, а бројот на оздравени на 102,962.
Вкупниот број на заразенил се искачи на 305.130, според податоците на веб-страницата „koronavirus.gov.hu“, објавени денес.
Имајќи ја предвид моменталната состојба, медицинската подготвеност поврзана со коронавирус треба да трае во Унгарија во текот на 2021 година, соопштил во понеделникот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Орбан: Корона-кризата до крајот на 2021 година.
„Ние нема да ја надминеме оваа криза пред крајот на 2021 година“, изјавил Орбан.
„Може да има полесни периоди по првиот круг на вакцинација, а подоцна и по масовната вакцинација, но веројатно ќе бидат потребни уште дванаесет месеци за сè да се врати во нормала“, реколтој.
Бројот на активни инфекции сега е 193.886, а хоспитализирани се 7.097, од кои 517 се приклучени на апарати за дишење.