Василевска: Доцна е за квалитетен и исправен попис во април

215 прегледи

Во рамки на своето гостување во 24 анализа, пратеничката и член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ, Иванка Василевска, посочи дека е доцна за квалитетно спроведување на пописот кој е предвиден за април следната година.

„Ние го кажавме својот став како опозиција дека е премногу доцна. Веќе треба да е почнат процесот на обука и подготовка за кредибилен попис. Ние немаме реална бројка на граѓани кои живеат и функционираат во нашата земја. Власта имаше повеќе желба за распродавање на нашата земја, па и нивните бизнис зделки, а останатото се обидуваат прорпратно да го протнат“, вели Иванка Василевска од ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини