Падна владата на Хоти? Уставниот суд нареди распишување на предвремени парламентарни избори на Косово

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Уставниот суд на Косово го оцени како неважечки гласот на пратеникот Етем Арифи, кој одлучувал за време на гласањето за формирање влада на премиерот Авдулах Хоти и нареди распишување на предвремени парламентарни избори во рок од 40 дена.

Во решението што беше објавено се вели дека судот едногласно ја прогласи жалбата на Движењето Самоопределување за прифатлива.

Судот оцени дека според Уставот на Косово и Законот за општи избори, лицето осудено со правосилна судска пресуда во последните три години не може да биде кандидат за пратеник или да добие важечки мандат во Собранието на Косово.

Уставниот суд пресуди дека одлуката на Собранието на Косово од 3 јуни 2020 година не е во согласност со Уставот, бидејќи Владата не добила мнозинство гласови од сите пратеници и дека претседателот мора да распише избори што мора да се одржат најдоцна во рок од 40 дена.

Пресудата нема ретроактивно дејство и врз основа на принципот на правна сигурност, одлуките на Владата на премиерот Хоти остануваат во сила, а Владата останува на функцијата до изборот на нова влада.

Слични содржини