Енвер Идризи, поранешен светски шампион во карате, дал провокативна изјава, истакнувајќи дека тој ќе финансира изградба на споменик на Скендербег „во албанските градови Медвеѓе и Ниш“.
Албанецот за швајцарскиот весник „Le Canton27.ch“ изјавил дека после Женева, споменикот на Скендербег треба да постои „секаде каде што има Албанци“.
„Има 20.000 Албанци тука во Женева, а над 300.000 во Швајцарија, ако имаме споменик тука, зошто да не имаме еден во албанските градови Медвеѓе и Ниш? Јас би финансирал поставување споменик, сите треба да обрнат внимание на доблестите на Албанците, сепак Скендербег ослободи и други народи на Балканот“, изјавил Идризи.
Албанецот роден во Македонија бил и репрезентативец на Хрватска и го освоил првиот медал по освојувањето на независноста на таа земја.
„Ми дозволивте да го бранам хрватското знаме, јас го претставував на најдобар можен начин. Имаме многу заеднички работи. Ѝ благодарам на Хрватска, но јас сум Албанец и не можам да кажам дека сум Хрват“, изјавил претходно Идризи.
Покрај тоа, тој објави фотографии на социјалните мрежи во кои ги пофалил припадниците на терористичката т.н. Ослободителна војска на Косово.