Првиот контингент вакцини Фајзер пристигна денес во Србија.
Агенцијата „Танјуг“ објави на својот канал на „ЈуТјуб“ видео од авионот кој ја содржи пратката вакцини и предавањето на товарот на аеродромот „Никола Тесла“.
Контингентот вклучува 4800 вакцини. Пред четири дена Агенцијата за лекови и медиуми на Србија даде согласност за увоз на вакцината Фајзер.
Според Танјуг, Србија е прва земја во регионот што ја прими вакцината од компаниите Фајзер и Бионтек.
Националниот координативен тим за имунизација против Ковид-19 денеска ќе ја одржи првата седница на која треба да го донесе Оперативниот план за подготовка и спроведување на имунизација на населението.
Во Србија од почетокот на епидемијата се потврдени 303.747 случаи на Ковид-19 и 2.733 смртни случаи.