Бионтек е подготвен да направи нова вакцина за шест недели во случај на мутација на вирусот

од Nikola Popovski
336 прегледи

Германската лабораторија Бионтек, која ја разви првата вакцина против Ковид-19 одобрена во светот со американската компанија Фајзер, може да произведе нова вакцина за „шест недели“ во случај на мутација на вирусот, како што беше забележано во Велика Британија, изјави ко-директорот на компанијата, Угур Сахин.

„Технички сме способни да доставиме нова вакцина за шест недели“, изјавил Сахин на прес-конференција во Мајенс, Германија, пренесе агенцијата Франс Прес. „Во принцип, убавината на информатичката технологија на РНК е тоа што можеме директно да започнеме со развој на вакцина која целосно имитира нова мутација“, рекол тој.

Сахин денес го повтори своето верување дека нивната вакцина против коронавирус работи и на новиот вид откриен во Велика Британија, но додаде дека треба да се направат нови тестови за да бидат целосно безбедни.

Новиот вид, забележан главно во Лондон и југо-источна Англија во последните неколку недели, предизвика загриженост низ целиот свет поради знаците дека може полесно да се шири. Иако нема индикации дека новиот вид на вирус предизвикува посериозно заболување, многу земји во Европа и на други места имаат ограничено патување од и кон Велика Британија.

Сахин соопшти дека протеините во британскиот вид на вирусот се 99 проценти исти со преовладувачките варијанти и дека затоа Бионтек има „научно верување“ дека нивната вакцина ќе биде ефикасна.

„Ова ќе се знае точно кога ќе се направи експериментот и ќе бидат потребни околу две недели за да се добијат податоците“, рекол тој, додавајќи дека веројатноста нивната вакцина да делува изгледа „релативно висока“.

Доколку вакцината треба да се прилагоди за новиот вид, компанијата може да го стори тоа за околу шест недели, рече Угур, иако е можно регулаторите да треба да ги одобрат промените пред да се користи вакцината.

Вчера, Европската унија ја одобри употребата на вакцината Фајзер/Бионтек во нејзините земји-членки. Претходно беше одобрена и започна да се применува во Британија, САД и неколку други земји.

Слични содржини