Вирусологот Масимо Гали, професор на Универзитетот во Милано, за телевизијата „Ла 7“ изјави дека лекарите и медицинскиот персонал кои одбиваат да се вакцинираат треба да ја сменат својата професија.
Многу медицински работници во Италија не се убедени во валидноста на вакцината против коронавирус и многу изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат. Тоа е нивно право бидејќи вакцината, за сега, е доброволна.
За сега вакцинирањето е доброволно, а властите најавуваат дека предност ќе имаат лицата кои живеат во домови за стари, припадници на безбедносните сили, војската и медицинскиот персонал, односно сите оние за кои се верува дека се најмногу изложени на ризик од зараза.
Весникот „Il Fatto quotidiano” пишува за математички модел за предвидување на ширењето на вирусот кој е развиен во Националниот совет за истражување.
Математичарот Џовани Себастиани, кој е дел од научниот тим вели дека според тој модел, како ви се избегнал трет бран од пандемијата, би било неопходно вакцинитање и на младите.
На тој начин во ланецот за пренос на коронавирсот, би се избегнала алката на младите кои помалку заболуваат, но го пренесуваат вирусот на постарите.
Во Италија вакцинацијата со „Фајзер“ вакцината симболично започнува на 27 декемвреи кој е таканаречен „вакцина ден“ во целата Европска унија, но вистинската кампања за масовно вакцинирање започнува дури во јануари.