Словачка и Чешка: Не постои ентитет од С.Македонија кој влијаел на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

од Берта Китинска
264 прегледи

Одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ, велат  амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка.

Тие во заедничката изјава за 360 степени велат дека не постои ентитет од земјава што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

„За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава“, велат во изјавата словачкиот амбасадор и чешкиот заменик-амбасадор.

Слични содржини