Илон Маск соопшти дека сопственикот на „Епл“, Тим Кук „одбил да се сретне“ со него во моментот кога можел да ја купи Тесла за мала сума на пари.
Маск призна дека контактирал со „Епл“ во најмрачните денови на програмата „Model 3“ за да разговара за можноста да го продаде Тесла за една десетина од сегашната вредност.
„Тој ја одби средбата“, додаде Маск.
Коментарите на Маск стигнаа откако беше објавено дека Еплработи на својот е-автомобил, кој ќе има напредна технологија за производство на батерии.
На Твитер, Маск и други започнаа да разговараат за какви батерии станува збор и дали станува збор за „моноцелуларна“ батерија со литиум железо фосфат.
Apple still reputedly planning to build an iCar.
The apparent secret sauce:
They watched the livestream of Tesla’s battery day;
They also took notes;
Then those notes were exclusively leaked to Reuters.So they could hire, hoping to begin production by
[checks notes]
2025. pic.twitter.com/VQubNAl5Ds
— Brett Winton (@wintonARK) December 21, 2020
Приказната за која Маск се обиде да зборува за продажба на Тесла на Епл не е нова. Компанијата на тој начин се обиде да излезе од финансиските проблеми во 2013 година, а Маск наводно имал вербален договор со Лери Пејџ за Гугл да ја купи компанијата, но тој договор е откажан кога ситуацијата за Маск малку се подобри, благодарение на продажбата на моделот С.