Вучиќ: Србија утре започнува со вакцинација

од Nikola Popovski
158 прегледи

Вакцинацијата во Србија започнува утре, најавил претседателот Александар Вучиќ и додал дека прво ќе се вакцинираат корисниците на домовите за стари лица, затоа што тие се најзагрозени, а некој од врвот на државата, тој, премиерката или д-р Дарија Кисиќ, ќе бидат вакцинирани, со цел да ги упати граѓаните за потребата од вакцинацијата и безбедноста на вакцината Фајзер.

„Станува збор за вакцината „Фајзер-Бионтек“, која пристигна во Србија вчера, првите 4.875 дози, а во јануари, февруари и март ќе пристигнат уште повеќе дози“, изјавил Вучиќ.

„Вакцините се набавени билатерално, независно, а Србија е веројатно единствената земја надвор од ЕУ, во овој дел, која успеа да набави некои вакцини“, потенцирал Вучиќ пред новинарите.

Слични содржини