Се согласувам дека не постои забрана да издадете викендица, но на едно семејство, на четири, пет, шест лица, тоа не е проблем, но проблем е дека издаваат за 20, 30, па и 40 луѓе. И сега драстично е намален бројот на огласите откако започнавме со апели и проверки. Ние имаме посбен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Затоа апелирам ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност.“ изјави министерот Оливер Спасовски, во Студио 10, на телевизија 24 и апелираше за совесно прославување, без големи групирања и загрозување на јавното здравје.
Министерот нагласи дека полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир.
„ Што се однесува до верските празници кои следуваат, ние ќе се обидеме да разговараме со верските заедници, со Комисијата за односи меѓу верските заедници, но и да одржиме состанок во Влада ако има потреба. На крајот мораме да донесеме решение кое нема да го загрози здравјето на луѓето.“- истакна Спасовски.