Андонов побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски

од Берта Китинска
218 прегледи
„Го повикувам потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Александар Николоски да си поднесе оставка од функцијата и да се повлече од политичкиот живот“, сподели на својот Фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов.
Навистина, господине Николоски нема потреба поради вашите „ЕКСКЛУЗИВНИ” изјави во медиумите кои подоцна се покажуваат како неточни сите ние и целото ВМРО-ДПМНЕ да бидеме заробеници на истите и осрамотени пред нашите пријатели во ЕУ дека сме манипулатори, шириме невистини и не сме сериозни по клучни прашања за нашата татковина Македонија, вели Андонов и додава:
„Вие на овој начин со својата неодговорна измислена “ексклузивна” изјава ја опструиравте ВМРО-ДПМНЕ во своето претставување како идна сериозна власт во Македонија и довербата на нашите партнери во ЕПП и идни партнери од ЕУ во борбата на сите нас за уривање на предавничката власт на СДС ја урнавте. За доброто на Македонија, господине Николоски заминете си колку-толку достоинствено од политиката“.
Во емисијата стадион на Канал 77, Николоски изјави дека Чешка и Словачка се поголеми патриоти од премиерот Зоран Заев и дека нивното вето е резултат на дипломатскиот ангажман на ВМРО ДПМНЕ.
„ВМРО ДПМНЕ работеше со овие држави, да спречат условот историја, да влезе во заклучоците на Европската Унија“, рече Николоски.

Вчера следеше реакција на амбасадите на Чешка и Словачка во Скопје. Во нивната заедничка изјава се истакнува:

„Чешката Република и Словачка јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка. За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ“.

Слични содржини