Маж од беровско намамувал 11-годишно дете на Фејсбук

од Берта Китинска
207 прегледи

Одделение за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од с.Двориште,беровско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“.

Д.С. во повеќе наврати преку социјалната мрежа „фејсбук“ и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11 годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба.

Слични содржини