Тоа што дава надеж и се совпаѓа со бројките што ги објавува Институтот за јавно здравје е дневната фреквенција на амбулантски прегледи која што за 20 до 30 проценти е намалена од претходната недела, ова го истакна вечерва директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.
„Она што покажува на лесно намалување на бројките е фактот што скоро за 17 проценти е намален бројот на новооткриени пациенти со Ковид-19 во изминатата недела. Исто и денешните бројките зборуваат за намалување на процентот на позитивни во однос на тестираните за 25 посто. Тоа е нешто што вистина влева надеж. Од клинички гледан аспект не може да зборуваме дека бројките на клиниката се намалени, затоа што капацитети уште се скоро исполнети“, изјави Стевановиќ во гостување на ТВ Телма.
Инаку таа истакна дека бројот на тестирања за изминатата недела бележи мал тренд на намалување на помалку од два проценти.
Стевановиќ, посочи дека и бројот на прегледени пациенти бележи сериозно намалување.