Во своето гостување, новинарот, Драган Павловиќ Латас, ги потенцира корените од преговорите за името, датирани уште од 2011. година.
„Никола Груевски на 15. февруари оди со своја делегација во Вашингтон и добива прием кај тогашната министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон, како и кај Џо Бајден да разговара за името. Тогаш на него му се нуди, да се реши името. Во тоа време на масата му се нуди, во момент кога Путин не е претседател на Русија, и Америка сака да ги реши стратешките моменти во овој дел од Европа. Тогаш се разговара за промена на името, Папандреу е согласен дека треба да се викаме С.Македонија, која тогаш важи за надворешна употреба, но подоцна кажано му е за Европа и надвор ќе премине и во внатрешна употреба. Груевски тоа го одбива, разговор завршува со пцуење од Клинтон, која вообичаено нема таков вокабулар. Откако Груевски го одбива ова, каде на една фотографија дека се гледа дека е готов. Во март се случува деветта средба помеѓу Груевски и Папандреу, каде Папандреу знае што се случува и треба да го испорача истото. И од тој период случајно или не, почнува се, и почнува снимање на разговори“, вели Латас.