Оливер Стоун: ЦИА и Пентагон имаат свои претставништва во Холивуд, имаат силно влијание

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Постои хистерична недоверба кон Русија и клеветнички однос кон Путин во Америка. Тоа е многу тажно, бидејќи можеме да бидеме партнери. Смешно е да се види колку пари САД трошат за да се заштитат од Русија. Едноставно, тоа е кулминација на глупостите – вели познатиот американски режисер Оливер Стоун, во интервју за московскиот дневен весник „Известија“.

Трикратниот добитник на Оскар вели дека често снимал филмови што се косат со општите тенденции на Холивуд. Тој потсети дека ја снимил документарната серија „Нераскажаната историја на САД“ во 2012 година и дека Холивуд е, се разбира, незадоволен, бидејќи „тие не сакаат да се прикажува вистинската историја, особено кога Америка е критикувана“.

– Можеби не знаете дека ЦИА и Пентагон имаат свои претставништва во Холивуд и таму имаат многу силно влијание. Луѓето им се обраќаат за совет. Над 800 филмови и околу 500 телевизиски серии се направени потпирајќи се на ставовите на ЦИА и Пентагон. Тие исто така ја гледаат Русија како противник. Значи, не можам да кажам дека снимањето филм за Путин немаше никакви последици за мене. Последен пат кога го видов Путин, тој ме праша: „Дали сте подготвени да ве мразат?“ Се надевам дека ситуацијата ќе се промени по изборите. Но, ако дојде до „ресетирање“ како во времето на Барак Обама, тоа нема да доведе никаде – рече Стоун, додавајќи дека Обама придонел за уништување на Либија и дека ја поддржува погрешната страна во Сирија.

Трикратниот добитник на Оскар зборуваше и за впечатокот што му го остави претседателот на Русија за време на снимањето на документарниот филм „Разговори со Путин“, за реакцијата на публиката во Америка и Европа.

– За да снимам филм за Путин, дојдов во Русија четири пати. Не зборувам руски јазик и користев преведувач. Но, претседателот Путин ми остави впечаток на отворен човек. Тој ги претстави своите мисли многу прецизно. Тој беше мирен, како професионален шахист.

Стоун истакнува дека му оставил најсилен впечаток кога Путин зборувал за чувството на долг кон рускиот народ.

– Тој е вистински син на Русија, го почувствував тоа – тврди режисерот.

– Путин ми кажа многу. Тој знаеше дека е многу тешко да им се објасни позицијата на Русија на луѓето на Запад.

На прашањето дали е задоволен од реакцијата на публиката на овој филм, Стоун рече дека тој бил добро прифатен во Франција, Германија и Италија, како и во Русија и дека Американците не сакаат особено да го гледаат. Само што, според неговите зборови, „за некои од паметните луѓе, тој филм бил интересен, бидејќи дури и да не го сакаат Путин, тие сакаа да го разберат и да ја запознаат неговата позиција“.

Дотогаш, објасни тој, луѓето немале вистински информации, бидејќи тие не ја кажувале вистината за тоа што Путин навистина го зборувал во вестите.

– Неправилно го цитираа или едноставно вадеа зборови од контекст. И тоа беше непријатно. Путин многу логично ја претставува позицијата на Русија. Бев разочаран од тоа како беше примен филмот. Се обидов да помогнам, некако да ја сменам ситуацијата. Но, Американците имаат жестоки позиции. Стравот владее со нив – заклучи Стоун.