Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов упати нови провокативни изјави.
Бугарија не стави вето, им рековме дека ќе се согласиме да започнеме преговори кога ќе се поправите, кога ќе научите дека со соседите со кои тврдите дека имате заедничка историја, тоа не може да се направи на овој начин. Не можете да ги подготвувате децата во прво одделение даимаат омраза кон Бугарите. Не можете да воспитувате омраза и врз основа на лажни факти, рече Красимир Каракачанов во интервјуто за „БНТ“ и потсети дека пред само 3 години е потпишан договор.
Потпишавме договор пред 3 години, тој не се запазува. Не знам дали знаете дека дури и Исус Христос е Македонец. Скопските политичари мораат да ја градат својата историја врз основа на автентични факти од нивната историја, додаде Каракачанов.