Најстариот македонски милионер има 101 година

од Берта Китинска
348 прегледи

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска  на денешната пре-конфереција информираше дека  најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година над еден милион денари, е дете, родено во 2013 година, кое печали преку закупнина. Додека највозрасниот граѓанин од оваа категорија, има 101 година.

-Највозрасниот граѓанин, кој остварил приход над 10 милиони денари, има 86 години. Најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, или во текот на 2019 година примил над 137.000 евра. Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра.Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра, соопшти Лукаревска.

Слични содржини