Викторија Бекам проговори за скандал стар 23 години

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Кога славни членови на женската поп-група Spice Girls се појавија на прес-конференција во 1997 година, за кои во тоа време имаше неверојатна хистерија низ целиот свет, Викторија Бекам не беше баш расположена. Нејзините изрази на лицето, држењето за главата, а потоа наглото напуштање на салата, ги загрижи сите. Сега, по 23 години, Викторија конечно откри што се крие зад овој скандал.

Поминаа долги 23 години од познатата прес-конференција во Бразил, на која се појавија Мел Б, Гери Хорнер, Ема Бантон, Мел Си и Викторија Бекам. Деновиве во јавноста повторно стана актуелно видеото од тој ден, кога Викторија беше во центарот на вниманието.

Еден корисник на Инстаграм го искористи изгледот на младата Викторија која едвај ги држеше очите отворени и потоа нагло ја напушти салата, и се пошегува на своја сметка.

Тој додаде опис на објавата:

„Ова сум јас на секој состанок на Зум“.

Тоа брзо се прошири на социјалните мрежи, а стигна и до самата Викторија, па таа ја прифати шегата со раширени раце и објасни што всушност се случило тој ден.

„Во моја одбрана, тој ден бев ужасно мамурна“, напиша 46-годишната Британка, истакнувајќи дека присетувањето од минатото добро ја насмеало.

Целата конференција помина во многу добро расположение за нејзините колешки, кои го најавија својот нов концерт во Бразил. Сепак, за Викторија, тоа беше вистински кошмар. Викторија Бекам едвај ги држеше очите отворени, се држеше за глава во еден момент, а потоа истрча од салата, збунувајќи ги новинарите, но и нејзините колешки од бендот.

Слични содржини