Ордановски: Борисов има деликатна позиција, но нема капацитет и авторитет да се справи со сето ова

353 прегледи

Во своето гостување на 24 анализа, уредникот и новинар, Сашо Ордановски смета дека никој не смее во 21 век да ни го оспорува идентитетот и јазикот, па додаде и како гледа на внатрешните состојби во Бугарија.

„Ако имате добра волја и позитивна енергија ќе тече се. Секогаш можете да најдете причина, да се отежнат работите. Причината е во политичката сила. Ова на Бугарија им носи политички поени во рамки на внатрешната политичка сцена. Да немаше избори, не можам да предвидам што ќе се случи. Борисов го нема она што го има Ципрас, ниту пак Бугарија е во иста позиција со Грција. Со бугарите отсекогаш, спорот е во суштина идентитетски. Бугарија е поделена земја, главно околу распределбата на општественото богатство и таму има влијанија. Борисов има деликатна позиција, но нема капацитет и авторитет да се справи со сето ова“, посочи Ордановски.

Слични содржини