Во своето гостување, Симона Груевска од институт за македонски јазик, посочува дека спорот со Бугарија датира од пред речиси еден век, каде постојано темата била идентична.
„Ни се негира идентитетот и јазикот. Од Бугарската страна било одбивано да се потпишуваат низа договори, и ова за нас не е изненадување. Ова не мислам дека е поврзано со изборите, бидејќи е ова став којшто се потенцира постојано. Позицијата вели дека нема да се прифати македонскиот јазик, и истата трае речиси 100 години. Ова е шовинистички начин од Бугарија.“