За да се стекне имунитет на стадото против коронавирусот, ќе треба да се вакцинираат меѓу 70 и 90 отсто од населението, изјави водечкиот американски епидемиолог, Ентони Фаучи.
Повеќе од еден милион Американци ја примиле првата доза на вакцината против коронавирус од 14 декември, што е само 0,3 проценти од населението.
Фаучи, кој ги советува американскиот претседател во заминување Доналд Трамп и новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден во врска со пандемијата, призна дека на почетокот на оваа година верувал дека за имунитет на стадо е потребно да вакцинираат помеѓу 60 и 70 отсто од населението.
– Тука мора да бидеме одмерени. Не знаеме точно кој е реалниот број. Мислам дека е реално некаде помеѓу 70 и 90 отсто, но нема да кажам 90 – истакна Фаучи за „Њујорк тајмс“.