Следете го движењето на Дедо Мраз (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Повеќе од 60 години НОРАД ги следи движењата на Дедо Мраз во живо додека патува низ светот со кочијата и ирвасите и дава подароци.

„Примарната мисија на НОРАД е да ја брани Северна Америка од закани, но ние сме горди што ја продолжуваме традицијата за следење на движењата на Дедо Мраз низ целиот свет“, рекоа тие.

Веб-страницата на НОРАД www.noradsanta.org, која го бележи секој чекор на Дедо Мраз, ја посетуваат околу 15 милиони луѓе од повеќе од 200 земји секоја година.

Традицијата да се следи Дедо Мраз започна во 1955 година кога една стоковна куќа во Колорадо Спрингс објави погрешен телефонски број на Северен пол во реклама во весник. Телефонот заgвони во седиштето на НОРАД и на едната страна имаше мало девојче, а на другата полковник Хари Шоуп, пренесе Индекс.

Кога ја разбра причината за повикот, американскиот офицер ја увери загрижената девојка дека Дедо Мраз е на пат, и како што се зголемуваше бројот на деца кои се јавуваа на објавениот број, командата додаде нова задача на својата мисија.

НОРАД денес известува за движењето на Дедо Мраз низ голем број платформи, од Фејсбук, Твитер и Инстаграм до ЈуТјуб.

Слични содржини