Две лица од Охрид се тешко повредени откако синоќа на булеварот „Железничка“ автомобил удрил во нив.
„ Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот“ информираат од МВР.