Се снима продолжение на „Сексот и градот“ – но без Ким Катрал

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Најновото продолжение на „Сексот и градот“, наводно, ќе еволуира во седмата сезона на истоимената серија, но еден од главните ликови нема да се појави во него.

HBO Max, наводно, е близу до конечен договор за заживување на серијата во нејзината седма сезона. Би ги виделе Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон како Кери, Шарлот и Миранда. Ким Катрал повеќе нема да ја игра легендарната Саманта и фановите на серијата се многу разочарани поради тоа.

Оваа вест ја објави „The New York Post“.

Една од идеите е да се воведе нов лик на Афро-американска или Латино-американска Саманта наместо Ким.

Сара Џесика Паркер изјави дека е љубопитна да види каде се хероините во серијата денес.

„Би сакала да видам каде се сите. Љубопитна сум, светот се смени од последниот филм… Технологија и социјални мрежи. На тоа додадете ја сексуалната политика и движењето #MeToo… Мислам дека Кери Бредшо едвај чека да сподели што чувствува и што мисли“, рече Паркер.

Слични содржини