Се формираат ковид-центри во 16 општини, потврди Филипче

од Nikola Popovski
160 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче денес објави дека во тек е реализацијата на поставувањето на модуларни ковид центри низ државата.

„Забрзано работиме на терен. Завршува монтажата во Штип и Кичево, а од денеска почнуваме со монтажа и во Гостивар и Струга. Во 16 општини, во кругот на болниците формираме ковид центри за третман и лекување на пациенти со Ковид-19. Брза реализација е можна само со заедничка и меѓуинституционална соработка, јавното здравје е заедничка одговорност!“, истакна министерот.

Во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на Ковид-19. Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца од Тетово, тројца од Прилеп двајца пациенти од Битола и по еден пациент од Штип, Охрид, Струга, Струмица, Берово и Валандово. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80.407, бројката на оздравени пациенти е 57.434, на починати е 2.375, а бројот на активни случаи е 20.598.

Слични содржини