Ѓоковиќ фотографиран со ракија на која го има ликот на Дража Михаиловиќ

од Stefanija Kuzmanovska
504 прегледи

На социјалните мрежи кружи фотографија на која Новак Ѓоковиќ позира со кутија во која има ракија, на која е исцртан ликот на четнички злосторник од Втората светска војна, Драгољуб Дража Михаиловиќ.

Наводно, Ѓоковиќ ја добил ракијата од сопственикот на компанијата што ја произведува, а покрај сликата на злосторникот на шишето стои натписот „произведена во чест и слава на хероите на Равна Гора“.

Поради оваа фотографија, многу фанови на социјалните мрежи беа шокирани и згрозени, особено што првиот светски тенисер никогаш немал навика да ги воздигнува воените злосторници и националистите.

Слични содржини