Мицкоски: Бугарија ќе тренира жестина врз Македонија до април

од Nikola Popovski

„Немам комуникација со Борисов. Последен пат се слушнавме во мај месец и тогаш си префрливме еден на друг за тоа како го гледаме решението за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за емисијата „Што не е јасно“.

Тој посочи дека не би коментирал повеќе околу Борисов, бидејќи „тој сега ова со Каракачанов и Захариева ќе го користи за решавање на внатрешните проблеми во Бугарија.

„До месец април, до кога се изборите во Бугарија, официјална Софија ќе тренира жестокост врз Македонија. Таа стратегија е јасна како ден. Исто така верувам дека премиерот Зоран Заев може да потпише некаков нов договор, Јас лично би ги напуштил моменталните преговори со Бугарија и не би го почитувал самиот Договор за добрососедство“, смета Мицкоски.

Слични содржини