Барајќи го одговорот за тоа каков вид секс може да им помогне на мажите со проблеми со еректилна дисфункција, експертите дојдоа до одговорот дека станува збор за – утрински секс.
Причината? Нивото на тестостерон е највисоко наутро.
Продуктивно, опуштено и…
Од друга страна, истражувањето спроведено во 2018 година во Велика Британија покажа дека сексот на почетокот на денот нè прави попродуктивни.
Исто така докажано е, и поврзано со претходни заклучоци, дека сексот во текот на утрото го намалува негативното влијание на стресот. И да споменеме што е најинтересно за оваа приказна – се покажа дека меѓу луѓето кои претпочитаат ваков вид на активност во раните зори, има многу со висок коефициент на интелигенција.
Истражувачите од Оксфорд и Ковентри откриле дека сексот има моќ да ја подобри нашата меморија, комуникациски вештини и ориентација.
Но, придобивките од сексот не застануваат тука. Студија објавена во американскиот журнал за кардиологија покажа дека мажите кои „имаат среќа“ двапати неделно, имаат 45% помали шанси да доживеат срцев удар.
Го зачувува здравјето на простатата
Сексуалниот однос што ги води мажите до ејакулација, исто така спречува рак на простата. Имено, обемна студија спроведена на 30.000 мажи покажа дека оние кои ејакулираат пет пати неделно имаат 33 проценти помали шанси да заболат од рак на простата.
Ако дури и тоа сè уште не ве убедило дека е добро да се грижите повеќе за вашиот сексуален живот, можеби следниот факт ќе го направи тоа.
Сексот ќе ви помогне да изгубите тежина – и не, тоа не е друг мит што ни го „сервираат“, туку докажан факт. Имено, за време на сексот се произведува природен амфетамин, кој го регулира апетитот. Затоа, се препорачува, покрај поздрава исхрана и редовно вежбање, да ја вклучите и оваа топла активност во вашиот дневен распоред.
Ако е и наутро, тогаш нема подобро
Да додадеме дека љубовта кон утринскиот секс не значи само фантазирање, односно зборување за тоа, но и да го имате. Затоа, зборувајте помалку, работете повеќе.