Лукашенко скептичен, НЕ САКА ДА ПРИМИ ВАКЦИНА

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да се вакцинира против коронавирусот.

„Јас сум еден од оние скептичните… Јас веќе му кажав на министерот за здравство, го одобри тоа, тој е главен кај нас, јас нема да се вакцинирам“, изјави Лукашенко за време на разговорот со вработените во Градската клиника за детски инфективни болести во Минск, објави телевизијата ОНТ.

Тој додаде дека е планирано околу 1,2 милиони луѓе да се вакцинираат ширум Белорусија на пролет.

Да потсетиме, Лукашенко во јули објави дека, според заклучоците на лекарите, тој асимптоматски „на нозе“ го прележал коронавирусот. Тој во декември рече дека се надева дека нема да биде заразен со ковид 19 по втор пат.

Слични содржини