Основачот на „Билка“: Да се дозволи да се поседува 15 до 30 грама канабис за лична употреба

од Nikola Popovski
402 прегледи

Адвокатот и основач на Здружението „Билка“, Јанаки Митровски изјави дека во однос на идејата за декриминализација на канабисот смета дека на граѓаните треба да им биде дозволено да поседуваат одредена количина којашто ќе биде единствено за лична употреба.

„Во однос на декриминализација, сметаме дека треба да се детерминира една количина од 15 до 30 грама канабис што државата би ја толерирала како количина за лична употреба и притоа граѓаните да знаат дека тоа е само кога нема елементи за продажба. Бидејќи и за еден грам канабис, ако има елементи за продажба или сте фатени на продажба, има докази или најдена е вага со траги од канабис, а тоа е кривично дело, државата нема да се повлече од спроведување на законот. Разочаран сум што целата Влада го става акцентот на економскиот дел, што не дека е погрешно, но е парцијално“, вели Митровски.

Тој предлага да се воведе амандман со којшто ќе се услови правното лице кое добива лиценца за производство на канабис, дека во рок од година и пол ќе мора да излезе на пазарот со производи, согласно побарувањата на пазарот.

Слични содржини