Французинка го убила својот десетгодишен внук и сериозно ја ранила неговата сестра

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

Французинка (31), вработена во општинската администрација во Јвелин, предградие на Париз, го убила својот десетгодишен внук со нож и сериозно ја ранила неговата шестгодишна сестра.

Полицијата ја откри и третата жртва, бебе кое поминало со полесни повреди и било пронајдено на подот од станот каде се случило злосторството, пренесува ТВ БФМ.

На местото на злосторството, најпрво, нешто по 3 часот по полноќ пристигнале пожарникари на повик од соседството поради „жена што вреска на улица со дете облеано во крв“.

Потоа била повикана полиција која открила десетгодишно момче кое не давало знаци на живот.

По апсењето, осомничената жена изјавила дека се чувствува „опседната“.

Осомничената нема кривично досие и по психијатриско испитување во Поаси, ѝ е одреден притвор.

 

Слични содржини