Брус Вилис конечно ја реши дилемата – Дали „Умри машки“ е божиќен филм?

од Stefanija Kuzmanovska
582 прегледи

Магазинот „Форбс“ го прогласи првото продолжение на филмот „Умри машки“ пред неколку години за „најбожиќниот“ филм на сите времиња, иако е полн со акција, крв, терористи и пцовки. Заплетот на филмот се случува на Божиќ.

Секоја година, за време на зимските празници, се води токму таа дебата – дали „Умри машки“ (1988) е Божиќен филм. Иако бројни портали го ставаат на списокот со најдобри божиќни проекции, некои филмски обожаватели не се убедени дека му е местото токму на тие списоци.

„Најбожиќно остварување досега е филм во кој не станува збор за Божиќ, ниту пак ја имаше својата премиера на Божиќ, но гледачите го поврзуваат со тој празник“, вели филмскиот критичар Мајк Хан.

Поминаа повеќе од 30 години од снимањето на овој култен акционен филм, а филмското студио Fox 20th Century одлучи да стави крај на сите дискусии – тие направија нов трејлер за „Умри машки“, претставувајќи го како забавен филм полн со празничен дух.

Главниот актер Брус Вилис исто така реагираше на новиот трејлер и полемиките околу филмот.

„Умри машки е Божиќен филм“, заклучи актерот кој ја игра главната улога во филмот.

Слични содржини