Бафет има 90 години и 85 милијарди долари во џеб: Овие 4 книги радикално му го смениле животот

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Инвестициите никогаш не запираат, дури и кога има кризни години, прашање е само кои средства како котираат во даден момент.

Грешки прават дури и најдобрите, па се покажа дека биткоинот, кој Ворен Бафет го „отпиша“ од самиот почеток, доживеа неверојатен раст во 2020 година. Во моментот вреди дури 24.700 американски долари.

Ако му верувате на овој „стар лисец“, кој не престанува да работи дури и во 90-тите и кој се покаја неколку пати за своите инвестиции, постојат одредени книги за инвестирање што му го сменија животот.

Менторот на Бафет, Бенџамин Греам, американски економист кој почина во 1976 година, напиша две од омилените книги на неговиот студент. „Безбедносна анализа“ од 1934 година и „Интелигентниот инвеститор“ од 1949 година.

Бидејќи Бафет се смета за најдобар инвеститор на денешницата, ако сакате да тргнете по патот на деловен успех, дефинитивно не треба да ги прескокнувате неговите топли препораки. Овој Американец, патем, е познат по тоа што сака да чита, не само книги, туку и весници, студии, извештаи на компании.

Другите две книги што Ворен Бафет ги цени се напишани од Џорџ Гудман (познат во пишувањето како Адам Смит), а тоа се „Играта со пари“ (објавена во 1968 година) и „Суперпари“ од 1972 година.

Пред седум години, Бафет им напиша писмо на акционерите на неговата компанија „Беркшир Хатавеј“, каде им напиша дека купувањето на книгата „Интелигентниот инвеститор“ го смени финансискиот дел од неговиот живот.

Слични содржини