316
На 26.12.2020 во 23,20 часот во викендица во с.Волково, скопско, по претходно добиени оперативни сознанија дека се одржува приватна забава со повеќе лица, а по наредба од јавен обвинител, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.К.(24), сопственик на викендицата и уште 28 лица, меѓу кои и ди џејот (35) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ казниво по чл.206 од Кривичниот законик.
При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од МВР.