Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78.000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на пригвоорот. Се ажурираат и листите на веб страницата „купувамдомашно.гов.мк“, каде ќе моѓат да ги проверат истите податоци, информираат од Владата.
Во однос на ажурирањето, законскиот рок беше 25 декември и во најголем дел постапката е завршена.
-За оние со блокирани сметки, банките кои имаат техничка можност им отворија подсметки за да се исплати помошта. Потсетуваме дека со оваа мерка се исплаќаат 27,5 милиони евра кон најранливите категории граѓани, истакна портпаролот Арсовски, одговорајќи на новинарски прашања.
-Многу мал дел од најчесто вакви случи не се затворени, затоа апелираме до банките ако има некој надвор од овие случаи, да има поголема толеранција за тоа да биде завршено до Нова Година, напомена Арсовски.