Анастасија предизвика бројни реакции со емотивна објава посветена на Цеца

од Stefanija Kuzmanovska
378 прегледи

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, пејачката Анастасија Ражнатовиќ, не крие колку е приврзана за нејзината мајка, па со новата објава започна лавина од коментари на својот Инстаграм профил.

Имено, Анастасија секогаш истакнува дека меѓу нив постои посебна врска, која никогаш нема да биде прекината, а сега успеа да ги воодушеви и разгали сите мајки и ќерки со заедничка фотографија и објава со неа.

„Имаше моменти кога немав многу пријатели, но мајка ми секогаш ми беше пријателка. Секогаш”, напиша Анастасија.

Младата пејачка и ќерка на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ е многу активна на Инстаграм, каде често објавува фотографии и записи од нејзиниот приватен живот, но и комуницира со обожавателите.

Слични содржини