Уште еден силен земјотрес во Загреб

од Берта Китинска
368 прегледи

Нов земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди областа меѓу Загреб и Сисак во понеделникот наутро во 7,49 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 44 километри југоисточно од Загреб и 11 километри југозападно од Сисак.

Првиот земјотрес бил во 6 часот и 28 минути, според Рихтер бил со јачина од 5,0 степени.

Директорот на Цивилната заштита, Дамир Трут, во понеделникот наутро, непосредно по земјотресот што го погоди Загреб во 6:28 часот, изјави дека нема извештаи за штети на граѓаните во главниот град.

Слични содржини