379
Министерството за внатрешни работи објави дека денеска (28.12.2020), по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од ПС-ОН Струмица во објект на ул. Атанас Нивичански пронајдени се разновидни пиротехнички средства, вкупно 5833 парчиња.
„Во врска со овој случај, приведен е Б.И. (20) од Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.