МВР соопшти дека некој го злоупотребил Фејсбук профилот на кавадарчанка, односно лажно објавил од нејзино име на интернет дека двете ќерки ѝ умреле од коронавирус. Во постот на социјалната мрежа била ставена и фотографија.
Сопругот на кавадарчанката и татко на двете млади девојки го потврдил грозоморниот чин.
„Постојано ни се јавуваат роднини и пријатели да прашаат дали е вистина. Нема никаква вистина. Сега ќе пријавам во полиција” , изјавил за медиумите таткото на девојките.
Дека се работи за лажна вест ни потврдиле и од Министерството за здравство
Кавадарчани и тиквешани денеска со неверување ја примија оваа вест која се ширеше на интернет и се прашуваа дали е вистина.
Дополнително, ја осудија постапката на тој што си поиграл со чувствата на семејството од Кавадарци. Но, побараа и санкционирање на таквите постапки и ширењето лажни вести.