Бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот во Шпанија денес надмина 50.000, додека бројот на заразени на 100.000 жители за прв пат падна по скоро три недели, според податоците на Министерството за здравство на таа земја.
Заклучно со четвртокот, регистрирани се 24.462 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се речиси 1,88 милиони лица, пренесува Ројтерс.
Бројот на загинати се зголеми за 298 на 50.122, според првите објавени податоци од почетокот на вакцинацијата против вирусот во неделата во Шпанија.
Шпанскиот епидемиолог Фернандо Симон на прес-конференцијата рече дека податоците покажуваат дека нивото на инфекција е стабилизирано и бројот на смртни случаи е намален.
Сепак, тој предупреди дека податоците може да се ревидираат во наредните денови, бидејќи, како што наведе, Божиќните празници веројатно предизвикале нарушувања во статистиката, кои ги пријавуваа регионалните власти.