Елизабет Харли: Што постара, тоа подобра…(ФОТО)

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Актерката и модел Елизабет Харли, која го прослави својот 55-ти роденден во јуни, ги радува редовно своите обожаватели со својата витка линија. Иако таа полека се приближува до шеесеттите години, многумина се согласуваат дека половина од нејзините помлади колешки би можеле да и завидат на нејзиниот изглед.

Во текот на целата година, актерката објавува свои фотографии во костими за капење на нејзините социјални мрежи. Таа има и своја колекција костими за капење, која гордо ја претставува и рекламира.

Иако сега е зима, Лиз Харли си поиграла во Фотошоп, а на летната фотографија стави зимско опкружување, што ги израдува корисниците на Инстаграм кои ја следат.

„Среќен Божиќ“, напиша актерката под фотографијата.

Слични содржини