Комбинацијата на вакцините Спутник и оксфордската вакцина која ја произведува копманијата Астра Зенека, ќе успее да штити од коронавирусот две години, изјави за ТВ Русија, шефот на рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија, Александер Гинтсбург.
Според него, овие две вакцини ќе обезбедат многу подобро формирање на мемориски клетки и ќе го зголемат имунитетот.
Овој месец, Гамалеја, Рускиот фонд за директни инвестиции, руската фармацевтска компанија Р Фарм и фармацевтската компанија АстраЗенека потпишаа меморандум за соработка во развојот на вакцина за коронавирус.
Како што е најавено од Гинтсбург, заедничките клинички испитувања на вакцината за коронавирус нема да бараат многу време и големи инвестиции, бидејќи вакцините се слични.
Двете вакцини се направени врз основа на аденовирусни вектори, во кои беше вграден коронавирус протеин. Аденовирусите се лишени од можноста за репликација.
Извршниот директор на AstraZeneca, Паскал Сорио, рече дека комбинацијата од двете вакцини ќе овозможи програмата за вакцинација да биде флексибилна.
– Ова ќе биде единствената соработка во светот помеѓу двајцата производители на вакцини и се надевам дека ова ќе ни обезбеди најдобра заштита – рече Сорио.